,,Антигона" - Софокле


Делото ,,Антигона'' од Софокле е трагедија на старогрчката драмска уметност. Во ова драмско дело се раскажува за сите жртвувања на Антигона за одбрана на брата си и семејството. Дејството се случува во Теба.
Антигона е ќерка на родители- мајка и син, кои случајно дознаваат за тоа подоцна. Таа е родена во грев и сите останати ликови ја доживуваат како храбра личност која постојано се жртвува и ризикува својот живот да го погреба својот брат иако тоа било забрането од кралот. Околината во којашто живее Антигона е таква каде што мора да се слуша зборот на кралот. Таа нејзиниот свет го гледа како никој да не може да ја спречи, но Креон ја гледал неа како лоша и непослушна поради тоа што таа не го испочитувала неговиот збор и го закопала својот брат. Веќе било доцна за ослободување иако за тоа најмногу инсистирал неговиот син.
Антигона била навистина храбра личност која се жртвувала за своите најблиски без страв дека и таа може да го изгуби својот живот.

Comments

Popular posts from this blog

"Сердарот,, (Опис на ликовите)

,,Повикот на дивината"-Џек Лондон(Анализа на ликот Бак)

Вујко Вања- А.П Чехов